Скопје

Во октомври 2023 година е започнат проектот „Медиуми 2040: Охрабрување на младите застапници за медиумска слобода на Западен Балкан“, како мрежа од шест државни универзитети на Западен Балкан. Нашата мрежа создаде група од 40 студенти по новинарство и комуникологија од Нови Сад, Подгорица, Приштина, Сараево, Скадар и Скопје. Заедно работевме на предвидување на иднината на медиумите – иднината за 2040 година, во која младите ќе сакаат да работат како искусни професионалци во медиумите.